Окта со позитивни оперативни резултати и висока профитабилност во услови на континуиран раст на меѓународните цени на горивата
Vestiplus.mk
БИЗНИСВо тренд...

Окта со позитивни оперативни резултати и висока профитабилност во услови на континуиран раст на меѓународните цени на горивата

Финансиски резултати втор квартал/прва половина од 2021

Позитивни оперативни резултати и висока профитабилност во услови на континуиран раст на меѓународните цени на горивата 

2 квартал 2021 2 квартал 2020 %

разлика

(во милиони денари) 1 половина 2021 1 половина 2020 % разлика
5,503 2,846 93% Приход од продажба 9,812 7,778 26%
268 224 19%  Бруто маржа 554 91 508%
120 135 -11%  Оперативни трошоци* 257 264 -3%
196 130 51% ЕБИТДА 394 -90
151 96 58% Добивка пред оданочување 301 -227

*Еднократните ставки се исклучени

ОКТА ги објави финансиските резултати за вториот квартал од 2021 година, со остварена ЕБИТДА од 196 милиони денари и добивка пред оданочување од 151 милион денари. За првата половина од 2021 година, ЕБИТДА достигна 394 милиони денари, со соодветна добивка пред оданочување од 301 милион денари.

Вториот квартал од 2021 година беше обележан со благи ефекти од COVID-19 кризата. Меѓународните цени на горивата продолжија да закрепнуваат, во време кога државата, вклучувајќи го и нафтениот сектор, покажа знаци на постепено закрепнување, поддржано од тековната летна сезона, што резултираше со зголемен сообраќај и прекугранични движења. Сепак, заздравувањето на воздухопловниот сектор трае подолго од очекуваното, поради што побарувачката за гориво за авиони заостанува зад очекуваното ниво. Сепак, продажбата на останатите деривати ги надминува очекувањата и придонесува за закрепнување на пазарот на гориво.

Отпорноста и континуитетот во работењето, поддржани од сигурниот синџир на снабдување и стабилните партнери беа темелите на стратегијата на ОКТА. Како резултат на тоа, компанијата ја надмина и значително ја зголеми својата профитабилност во однос на последните неколку години. Сето ова се постигна во услови на почитување на строгите здравствени и безбедносни стандарди, осигурувајќи непречена услуга кон клиентите.

Оттука, ЕБИТДА, којашто ја одразува оперативната профитабилност на ОКТА, во првата половина на 2021 година достигна 394 милиони денари, што претставува целосно закрепнување од загубата од 90 милиони денари, генерирана истиот период минатата година. Надминувањето на очекуваните перформанси на ЕБИТДА е водено од способноста на компанијата за дополнителна поддршка на продажбата преку правилно управување со залихите во комбинација со позитивниот ефект од континуирано оптимизирање на индиректните трошоци. Вториот квартал од 2021 година следи аналоген тренд, достигнувајќи ЕБИТДА од 196 милиони денари, значително надминувајќи ги 130 милиони денари од вториот квартал на 2020 година, како резултат на претходно елаборираните причини.

Приходите од продажба во првата половина на 2021 година изнесуваат 9.812 милиони денари, надминувајќи ги 7.778 милиони денари од истиот период минатата година.

Бруто-маржата, движејќи се со исто темпо, во првите шест месеци од оваа година достигна 554 милиони денари, што е значително надминување на 91 милиони денари од истиот период претходната година, позитивно поддржана од континуираниот раст на меѓународните цени на горивата.

Добивката пред оданочување во вториот квартал од 2021 година изнесуваше 151 милион денари, надминувајќи ги 96 милиони денари од истиот период минатата година, искористувајќи го позитивниот ефект на залихите и зголемената оперативна ефикасност. Пропорционално на ова, добивката пред оданочување во првата половина од 2021 година акумулираше 301 милиони денари, целосно закрепнувајќи од негативните нивоа (загуба од 228 милиони денари) достигнати истиот период минатата година. Овој резултат беше во голема мера поттикнат од споменатиот раст на меѓународните цени на горивото, што имаше позитивен ефект врз залихите на ОКТА во износ од 218 милиони денари.

ОКТА успеа да одржи соодветна ликвидност што на компанијата ѝ дава можност да се справи со какви било последици произлезени од COVID-19 кризата, во период на враќање кон вообичаениот начин на работење.

Целта на компанијата во претстојниот период е да остане лидер на пазарот, нудејќи производи со висок квалитет на клиентите на пазарите на кои работи, во исто време поттикнувајќи дополнителна оптимизација на трошоците и оперативни подобрувања.

Во вториот квартал од 2021 година, ОКТА уште еднаш ја потврди својата определба за поддршка на образовниот систем и ранливите категории во општеството преку донација на ново инклузивно игралиште во основното училиште „Лазо Ангеловски“ во општина Аеродром. Проектот чија цел е да обезбеди целосна и рамноправна вклученост на децата со попреченост во редовните основни училишта беше реализиран во соработка со Фондацијата „Чекор по чекор“. Во месец јуни компанијата го поддржа одржувањето на првиот Скопје економски форум, каде беа присутни истакнати политички и економски претставници од земјата и регионот. Изминатиот период, ОКТА, како верен партнер на културата, обезбеди финансиска поддршка за реализација на еминентен проект од областа на филмската уметност.

Компанијата останува посветена на фер и транспарентна соработка со сите свои партнери, добавувачи и потрошувачи, со цел да осигура редовно и непрекинато снабдување со висококвалитетни горива на домашниот и на соседните пазари, додека во исто време продолжува да расте и да придонесува во заедницата.

Повеќе од интернетот…

  • Biznispro.com
  • Centar.mk
  • Zena.mk
Следува предвремена исплата на пензиите – ова се датумите кога ќе биде исплатена пензијата

Владата на Република Северна Македонија, на денешната седница, ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за труд и социјална политика за исплата на пензии за месец март 2023 година. Задолжен е Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27.03.2023 година. Се препорачува […] The post Следува предвремена исплата на пензиите – ова се датумите кога ќе биде исплатена пензијата appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Граѓаните ќе може да добиваат поврат до 8.400 денари од лице годишно, наместо досегашните 7.200 – Мерката “Мој ДДВ” дава резултат и за граѓаните и за државата

Во собранието се изгласа предлог измената на Законот за враќање на дел од ДДВ на физички лица. Оваа измена е со цел од 1 јануари 2023 да се зголеми лимитот на повратот со што наместо 1.800 денари за тримесечие, граѓаните ќе може да добијаат максимален износ од 2.100 денари. Ова значи дека еден граѓанин ќе […] The post Граѓаните ќе може да добиваат поврат до 8.400 денари од лице годишно, наместо досегашните 7.200 – Мерката “Мој ДДВ” дава резултат и за граѓаните и за државата appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Нова цена на горивата

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе стокми нови цени на горивата кои ќе важат во текот на следната седмица. Во моментов цената на лондонската берза за барел нафта изнесува 83 американски долари, додека на американската е поевтина. Во моментов цените на горивата се – Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 82,00 (денари/литар), Моторен бензин ЕУРОСУПЕР […] The post Нова цена на горивата appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Три години Македонија во НАТО – најмоќниот безбедносен сојуз во светот

Денеска се одбележуваат три години од зачленувањето во НАТО, најголемиот и најмоќниот безбедносен сојуз во светот. Во 2020 македонското собрание го усвои Северноатлантскиот протокол со што беше остварен последниот чекор кон зачленувањето во НАТО. Патот кон зачленувањето на Македонија во НАТО беше тежок и макотрпен. Македонија во 2018-та година мораше... Прочитај повеќе...

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека утре, вторник, , поради најавено одржување на мирен протест, со почеток во 12.00 часот на бул.„Илинден“ полициски службеници од СВР Скопје ќе преземат мерки за посебен режим на сообраќајот. Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до сите граѓани да ги почитуваат наредбите... Прочитај повеќе...

Битиќи: Верувам во потенцијалот на домашниот старт ап екосистем

Заменик претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, присуствуваше на презентација на 10-те инвестиции поддржани од акселераторот УКИМ. Вицепремиерот Битиќи изјави дека презентацијата е организирана со цел, тие да ги презентираат нивните решенија пред инвеститорите и секако пред... Прочитај повеќе...

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената во текот на менструалниот циклус, како физички така и емоционално. Покрај тоа што главните симптоми на менструацијата се болни грчеви во стомакот, најверојатно жената ќе... Прочитај повеќе Чланак Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат

Ако мислите дека физичкиот изглед е главниот фактор за успешно флертување, вие сте осудени на неуспех. Самодовербата и шармот се поважни од физичкиот изглед. Изгледот е, да не се лажеме, важен, но без шарм и уште неколку ситници е недоволен за успешно заведување. Секако, секој има своја тактика за заведување, но постојат одредени испробани трикови... Прочитај повеќе Чланак СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска

Бидете искрени со себе бидејќи од тоа зависи иднината на вашата врска. Откако ќе поминат првичниот занес и огномет од емоции, секоја врска достигнува точка на прекршување. Тогаш е време да се преиспитате себеси и вашите чувства и да одлучите дали врската има иднина или не. Сосема е нормално дека во одредени ситуации нема да... Прочитај повеќе Чланак Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Можеби ќе ве интересира...

Битиќи: Процентот на вработеност континуирано расте

В+

Ковачевски: Нема потреба за активирање на стоковите резерви, немаме недостаток на храна и енергенси

В+

СТАР РЕЦЕПТ – Подгответе го ајварот полесно од било кога

Vesti +

Оваа година втори мај е неработен, а еве кога се паѓа Велигден – Ова се сите неработни денови до крајот на годинава

Vesti +

СДСМ: Инвестициите во инфраструктурата продолжуваат со засилена динамика, градиме патишта за побезбеден и побрз сообраќај

Vesti +

Студија: Пациентите кои повторно добиваат ковид имаат поблаги симптоми

В+