На денешната седница Владата донесе одлука за ограничување на извозот на масло од сончоглед.

Од Владата велат дека мерката е донесена поради сериозни нарушувања на домашниот пазар и почнувајќи од денеска, забраната ќе важи до 31 мај.

Оваа одлука е донесена врз основа на Законот за трговијата, кој предвидува дека по предлог на Министерството за економија, Владата може да го ограничи извозот или увозот на одделни стоки или да пропише посебни услови за увоз или извоз.