Поднесена е кривична пријава против двајца стружани за кражба и одземање на моторно возило, велат од МВР.

Полицијата информира дека 11-ти месецов на улицата „Ристо Крле“ одзеле патничко возило „фиат пунто“, сопственост на спортска обложувалница, по што возилото го оставиле на ул.„27 Март“, а земале ранец во кој имало пари.