Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е
V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), не се менуваат, односно остануваат на исто ниво
како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените
деривати и горива за транспорт од 17.03.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95
изнесува 79,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 81,50 ден/лит,
малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 76,00 ден/лит, додека малопродажната цена на
Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 72,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,362 денар/килограм, во однос на
малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на
нафтените деривати и горива за транспорт од 17.03.2022 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот
М-1 НС изнесува 53,159 ден/кг.