Денеска, 23.10.2022 година од 11:00 часот по повод одбележувањето на 23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба, Владата на Република Северна Македонија организира положување на свежо цвеќе на споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк, Скопје.

На настанот ќе биде присутна владина делегација составена од Филип Николоски, заменик на министерот за финансии, Роберт Алаѓозовски, национален координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка и Беким Реџепи, заменик на министерот за транспорт и врски.