Денеска се навршуваат 100 години од убиството на револуционерот Ѓорче Петров.

По тој повод, делегација на локалната самоуправа на општина Прилеп, предводена од градоначалникот Илија Јованоски, како и претставници на општинскиот Совет и СОУ „Ѓорче Петров“, положија цвеќе пред споменикот на Ѓорче во центарот на градот и пред спомен-плочата на неговата родна куќа во населбата Варош.

Ѓорче Петров е роден на 2 април 1865 година во Варош, а на денешен ден пред точно 100 години, бил убиен во Софија, Бугарија.