Од прес конференцијата на Ковачевски, Борел и Вархеји: ЕУ ќе го интензивира ангажманот на сите нивоа за поддршка на напредокот на Северна Македонија
Vestiplus.mk
+МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Од прес конференцијата на Ковачевски, Борел и Вархеји: ЕУ ќе го интензивира ангажманот на сите нивоа за поддршка на напредокот на Северна Македонија

Денеска во Владата на Република Северна Македонија, прес конференција одржа претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, заедно со високиот претставик на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел и со комесарот за соседска политика и проширување, Оливер Вархеји.

„Можам целосно и одговорно да кажам дека имаме целосна поддршка од Европската Унија, со недвосмислена посветеност за успех во нашиот следен исчекор во процесот на европските интеграции, за динамичен преговарачки процес и членство во Европската Унија. Имаме уверување од Европската унија дека ќе го интензивира својот ангажман на сите нивоа за поддршка на политичката, економската и социјалната трансформација на Северна Македонија“, соопшти премиерот Ковачевски.

Република Северна Македонија, како што посочи премиерот Ковачевски, практикува европски вредности и немаме сомнеж дека одиме по исправниот, европски пат.

„Сета работа на Владата е поставена на линија на европската агенда и колку и да звучи амбициозно, јас и сите ние во Владата, веруваме дека Република Северна Македонија во моментов има политички капацитети коишто можат да придонесат, по успешно завршениот скрининг процес во ноември, со динамично темпо да влеземе во преговарачкиот процес и до 2030 година да станеме членка на ЕУ“, додаде премиерот Ковачевски.

На состанокот, како што рече премиерот, поздравен е силниот фокус на Владата кон реформите и усогласувањето на законите и праксите со европските стандарди, како и кон добрососедските односи во духот на европските вредности.

„Поздравени се и политиките на добрососедство, што ги водиме преку зрел и одговорен пристап, базиран на меѓусебно почитување и дијалог, со отфрлување на популизмот како штетник на овие искрени намери и провоциран од трети страни кои немаат добри намери за европерспективите на Западен Балкан“, рече премиерот Ковачевски.

Претседателот на Владата Ковачевски нагласи дека Владата е подготвена да работи заедно со европските партнери на унапредување на социјалните и економските реформи и на опиплив напредок во владеењето на правото.

„На состанокот се согласивме дека во делот на правото мора да има независност, професионалност, транспарентност и непристрасност на судските авторитети и затоа заеднички ги охрабруваме правосудните органи за видлив напредок на овој план, што е очекување и потреба пред се на граѓаните на нашата држава“, порача премиерот Ковачевски.

На прес конференцијата се обратија и европските претставници.
Високиот претставик на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел, на прес конференцијата рече дека иднината на Република Северна Македонија е во Европската Унија, дека е клучно е да државата да не се враќа назад, туку да се продолжи со усвојувањето на реформите, како и да се создадат услови да се усвојат уставните амандмани. Потребно е сите политички партии да ги преземат своите обврски и искрено да работат во оваа насока, порача европскиот претставник Борел.

Комесарот за соседска политика и проширување, Оливер Вархеји, нагласи дека за Европската Унија е важно да има сигурни сојузници како што е Република Северна Македонија и се придружи на пораката дека местото на нашата држава е во Унијата. Од наша страна ние сме подготвени, ни треба Северна Македонија, рече еврокомесарот Вархеји, нагласувајки дека – како од Владата, така и во Парламентот денеска очекуваат да слушнат дека нема нешто што ги кочи неопходните реформи за пристап на нашата држава во Европската Унија.

Во одговорите на новинарски прашања премиерот Ковачевски посочи дека ваквите стратешки прашања, како што се евроинтеграциите, не смее да се дел од дневната политика, за да се овозможи членството на Северна Македонија во Европската Унија. Високиот претставик на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија, Борел, оцени дека Република Северна Македонија веќе е мултиетничка држава и измената на Уставот само ќе ги унапреди уставните права, а со тоа и ќе се зачува идентитетот и ќе се продолжи напред по евроинтеграцискиот пат.

Прес конференцијата на премиерот Ковачевски, со високите европски претставници Борел и Вархеји се одржа по состанокот на Советот за стабилизација и асоцијација, денеска во Скопје.

Повеќе од интернетот…

  • Biznispro.com
  • Centar.mk
  • Zena.mk
Следува предвремена исплата на пензиите – ова се датумите кога ќе биде исплатена пензијата

Владата на Република Северна Македонија, на денешната седница, ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за труд и социјална политика за исплата на пензии за месец март 2023 година. Задолжен е Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27.03.2023 година. Се препорачува […] The post Следува предвремена исплата на пензиите – ова се датумите кога ќе биде исплатена пензијата appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Граѓаните ќе може да добиваат поврат до 8.400 денари од лице годишно, наместо досегашните 7.200 – Мерката “Мој ДДВ” дава резултат и за граѓаните и за државата

Во собранието се изгласа предлог измената на Законот за враќање на дел од ДДВ на физички лица. Оваа измена е со цел од 1 јануари 2023 да се зголеми лимитот на повратот со што наместо 1.800 денари за тримесечие, граѓаните ќе може да добијаат максимален износ од 2.100 денари. Ова значи дека еден граѓанин ќе […] The post Граѓаните ќе може да добиваат поврат до 8.400 денари од лице годишно, наместо досегашните 7.200 – Мерката “Мој ДДВ” дава резултат и за граѓаните и за државата appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Нова цена на горивата

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе стокми нови цени на горивата кои ќе важат во текот на следната седмица. Во моментов цената на лондонската берза за барел нафта изнесува 83 американски долари, додека на американската е поевтина. Во моментов цените на горивата се – Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 82,00 (денари/литар), Моторен бензин ЕУРОСУПЕР […] The post Нова цена на горивата appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Земјотрес од 3 степени го погоди регионот на Штип

Рано утрово околу 2.40 минути во епицентралното подрачје Свети Николе-Штип бил почувствуван земјотрес со јачина од 3 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот на потресот бил на пет километра северно од Штип, на длабочина од 5 километри, објави ЕМСЦ. Според информациите од Сеизмолошката опсерваторија, потресот бил почувствуван од населението во Штип... Прочитај повеќе...

Остин: Украина ќе има добри шанси за успех

Американскиот министер за одбрана Лојд Остин смета дека Украина има многу добри шанси да започне успешна контраофанзива во пролетта оваа година поради значителното исцрпување на руските сили и западното оружје, пишува Украинска Правда. – Мислам дека напролет ќе видиме интензивирање на непријателствата бидејќи се подобруваат условите за маневрирање и врз... Прочитај повеќе...

Поранешниот американски потпретседател мора да сведочи во истрагата за нападите на Капитол на 6 јануари

Пред големата порота за разговорите, федерален судија одлучи дека поранешниот американски потпретседател Мајк Пенс мора да сведочи за разговорите што ги имал со поранешниот американски претседател Доналд Трамп пред нападот на Капитол на 6 јануари 2021 година. Судијата во одлуката рече дека Пенс сепак може да одбие да одговори на... Прочитај повеќе...

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената во текот на менструалниот циклус, како физички така и емоционално. Покрај тоа што главните симптоми на менструацијата се болни грчеви во стомакот, најверојатно жената ќе... Прочитај повеќе Чланак Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат

Ако мислите дека физичкиот изглед е главниот фактор за успешно флертување, вие сте осудени на неуспех. Самодовербата и шармот се поважни од физичкиот изглед. Изгледот е, да не се лажеме, важен, но без шарм и уште неколку ситници е недоволен за успешно заведување. Секако, секој има своја тактика за заведување, но постојат одредени испробани трикови... Прочитај повеќе Чланак СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска

Бидете искрени со себе бидејќи од тоа зависи иднината на вашата врска. Откако ќе поминат првичниот занес и огномет од емоции, секоја врска достигнува точка на прекршување. Тогаш е време да се преиспитате себеси и вашите чувства и да одлучите дали врската има иднина или не. Сосема е нормално дека во одредени ситуации нема да... Прочитај повеќе Чланак Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Можеби ќе ве интересира...

Приведено лице за издржување на затворска казна

Vesti +

Претседателот Пендаровски ги прими членовите на хорот „Златно славејче“

Vesti +

Спасовски: Во 2022 имаме намалување на криминалитет и за 50 отсто зголемена ефикаснот во борба против корупција

Vesti +

Предавање на министерката Петровска на Школата за политики: Најголемата придобивка од членството во НАТО е сигурноста што граѓаните ја чуствуваат

Vesti +

Нов случај на криминал за Скопје 2014, поврзан со најкриминалната партија ВМРО-ДПМНЕ, обвини СДСМ

В+

Забрчанец: Со активна транспарентност да го елиминираме влијанието на дезинформациите

В+