Пишува: Борјан Јовановски

Кинескиот претседател Кси Џинпинг денеска ја започнува тридневната посета на Москва, која во ЕУ се следи со големо внимание .

Кина има две спротивставени амбиции: од една страна, таа сака да се прикаже себеси како одговорен глобален играч, поддржувач на територијалниот интегритет и суверенитет на земјите члнки на ООН. . Од друга страна, се повидливи се тенденциите на Пекинг да гради сојуз на автократии. Јасна демонстрација на оваа тендеција се заедничките поморски вежби што недоамна ги одржа со Русија и Иран.

Тридневната официјална посета на Москва се очекува да ја разјасни новата динамика на моќта: Кина е големиот брат кој, заедно со Индија, ја поддржа Русија со зголемените набавки на нафта; додека Путин е сè поизолиран а од минатата недела проглассен и за воен злосторник на кој Пегинг му е повеќе од кога било потребен за да преживее.

Прашањето на кое сега се бара одговор за време на оваа посета е како може Пекинг да прогласи „пријателство без граници“ со Русија на Путин и во исто време да бара улога на митортворец кој ќе обезбеди полтички договор за окончување на војната во Украина. Од друга страна се повеќе има докази дека дека Кина веќе и испорачала оружје на Русија и дека Русите во Укрианина веќе пукаат со кинеска муниција.

Лидерите на ЕУ сè уште се надеваат дека Кси ќе одлучи да игра конструктивна улога, бидејќи веруваат дека тој сепак ќе избере да се прикаже себеси како посредник на мирот отколку да влезе во прокси војната со Западот.Во Еу потсетуваат дека испораките на оружје за земја агресор се нелегали според меѓународното право, за разлика од пратките на оружје во земјите кои ја бранат сопствената територија.

Оваа тридневна официјална посета на кинсексиот претедател на Москва како и да е ќе даде одговор на едно големо прашање -дали светот ќе влезе во спиралата на длабока поларизација

извор Новатв.мк