Од денеска имаме зимско сметање на времето.

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето.

И покрај најавите дека поради заштеда на електрична енергија може да се одложи преминот кон зимско сметање на времето, сепак по направените анализи Владата одлучи да остане досегашниот систем.

Експертот за спиење Ејприл Мајер, вели дека поместувањето на часовникот влијае на нашите модели на спиење, што може да направи да се чувствуваме многу уморни и да ја влоши нашата концентрација. Ова може да трае со недели затоа што луѓето се будат порано откако ќе се смени часовникот.