Конзорциумот „Бехтел и Енка“ која потпиша договор со Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) за изградба на четири автопатски делници во должина од 110 километри на коридорите 8 и 10 д во наредните пет години. Изградбата ќе чини 1,3 милијарди евра.

Проектот е од исклучително значење за подигнување на нивото на квалитетот на патната инфраструктура.

Преку делниците од коридорите 8 и 10д, Северна Македонија станува уште позначајна регионална и транспортна рута.

За овој проект во Буџетот веќе се предвидени 244 милиони евра за годинава.

Со договорот се опфатени автопатските делници на Коридорот 8: Требеништа – Струга – Ќафасан (22,5 километри) Гостивар – Букојчани (30,1 километар), Тетово – Гостивар ( над 17 километри) и на делницата Прилеп – Битола (40 километри) од Коридорот 10- д.

Американската компанија „Бехтел“ е формирана на крајот на 19. век – во 1898 година, а изминатата 2022 имале годишен приход од 17,5 милијарди долари, што е повеќе од БДП на Северна Македонија, кој во 2022 година изнесувал 14,2 милијарди.

Според „Форбс“ оваа компании е на 20. Место на листата на најголеми приватни американски компании и работеле и работат на некои од најважните инфраструктурни проекти.

Во Сан Франциско, „Бехтел“ го дизајнираше и изгради најголемиот и најнапреден систем за брз транзит во светот. Овој проект доби признание од „ Американско здружение за јавни работи“ како еден од десетте најважни јавни проекти во 20. век, заедно со браната Хувер, Голден Гејт Бриџ во Сан Франциско и Панамскиот канал.

„Бехтел“ во моментов работи и на изградба на аеродром во Сиднеј. Аеродромот во Западен Сиднеј во Австралија е проект вреден над четири милијарди долари. Овој аеродром во Сиднеј се очекува да биде финализиран во 2026 година и да биде еден од најголемите во Австралија со над 10 милиони патници годишно.