Овој зачин го стимулира жолчното кесе и го помага варењето.

Редовната употреба на куркума придонесува за нормализирање на црниот дроб и гастроинтестиналниот тракт, изјави за Сп,утник нутриционистката Катарина Муравска.

Таа истакна дека куркумата е природен антисептик и антибактериски агенс.

– Покрај тоа, тој е природен детоксификатор на црниот дроб и има изразено антиканцерогено дејство. Долго време се користи во Азија како лек број еден за сите видови заболувања на црниот дроб – објасни Муравска.

Специјалистот додаде дека куркумата го стимулира жолчното кесе и го помага варењето. Покрај тоа, овој зачин ја стимулира функцијата на мозокот.

Но, контраиндициран е за оние кои имаат алергии, како и за оние кои земаат антидијабетични лекови“, истакна таа.