Времето денес ќе биде облачно, свежо и врнежливо. Наместа врнежите ќе имаат пороен карактер, а во вечерните часови ќе престануваат. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 13, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.

Во Скопје облачно, свежо и врнежливо, повремено врнежите ќе имаат пороен карактер. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 14 степени.

Од претходните врнежливи денови некаде ќе има вкупно и над 30 л/м2. Во ноќта кон сабота облачноста ќе се намали и од сабота следува период на стабилно време со пораст на дневната температура. Утринските температури за време на викендот ќе бидат над нулата, а потоа само некаде ќе се спуштаат и до некој степен под нулата.