Времето денеска ќе биде малку до умерено облачно и нешто потопло. Во западните делови повремено значително облачно со краткотраен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец, особено изразен во западните делови.

До среда ќе преовладува променливо облачно време со услови за краткотраен локален дожд, претежно во западните делови. Од вторник температурата значително ќе се намали, а вдолж Повардарието повремено ќе дува засилен северен ветер.

извор: УХМР