Претседателот Владимир Путин никогаш не сакаше да открива тајни за неговото семејство, а во 2015 година неколку пати го избегна прашањето на новинарите кои го прашаа за идентитетот на неговите ќерки.

„Живеат во Русија, студираа тука и горд сум на нив. Течно зборуваат на три странски јазици, никогаш не откривам тајни за моето семјество“, кажа Путин.

Иако тој не сакаше да ги открие имињата на неговите ќерки, сепак во медиумите се појавија и тоа се Марија Воронцова и Катерина Тихонова, кон кои ЕУ воведе санкции.

Иако малку се знае за нив, сепак познати се некои детали. Воронцова е родена во 1985 година и студирала биологија во Санкт Петербург, која е академик и специјалист по ендокринологија. Венчана била со Јорит Јост Фасен, кој работел во енергетскиот гигант Гаспром, но наводно се разведени во моментов.

Тихонова беше попозната во јавноста поради нејзиниот рокенрол танц, кој ѝ донесе петто место на меѓународен натпревар во 2013 година. Таа се венча со Кирил Шамалов, пријател на Путин, а исто така таа е активна во академската и бизнис заедницата.