Следува период на стабилно и топло време. Особено топло ќе биде во понеделник и вторник кога температурите на места ќе достигнат и 40 степени. Дестабилизирање на времето се очекува од среда кога и температурите постепено ќе бидат во опаѓање.

Утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Околу пладне и попладне во југоисточните делови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. УВ=8

Прогноза за 15.08.2021
Минимална температура: 12°C до 22°C
Максимална температура: 32°C до 38°C
Претежно сончево и топло со слаб до умерен ветер од променлив правец. УВ=8

Прогноза за 16.08.2021
Минимална температура: 12°C до 23°C
Максимална температура: 33°C до 39°C
Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. УВ=8

Прогноза за 17.08.2021
Минимална температура: 13°C до 23°C
Максимална температура: 34°C до 40°C
Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. УВ=8