Во октомври сме и ги ситниме деновите на есента.

Новата сезона за многумина ќе биде нов почеток, ќе донесе многу предизвици, но и тешкотии, но и период на благосостојба и хармонија.

Сето ова ќе има големо влијание на љубовните, семејните и пријателските односи, на мотивацијата и расположението.

Нумеролозите открија каква енергија носат септември, октомври и ноември и какви се прогнозите на полето на љубовта и кариерата.

Октомври
Овој месец ќе биде за семејството и домот. Под влијание на неговата енергија, многу парови ќе сакаат да се смират, да купат или изнајмат стан, да го решат станбеното прашање и да најдат топол дом. Други ќе се одлучат за реновирање, но генерално, месецот носи среќа и просперитет. На полето на кариерата, многумина ќе добијат шанса да напредуваат во октомври, да совладаат нова вештина… Ќе имаме желба за работа, ќе бидеме мотивирани, трпеливи, решени да се носиме со сите тешки ситуации.

Ноември
Ова е месец на надминување на тешкотиите, па со сето тоа и за покажување издржливост, силна волја, а не откажување. Сега треба да реагирате на се што не ви одговара, да се побуните, особено ако некој ве повреди или понижи. Сега имате шанса да заблескате, да се појавите во јавноста и да покажете што вредите и што знаете. Можно е некој да се обиде да застане на патот на вашиот успех. Исто така, овој месец носи енергија на партнерство во љубовта. Ако сте слободни, сега е вистинско време да запознаете некој интересен.