Vestiplus.mk
+ Centar БИЗНИС ТОП ВЕСТИ

Ново поскапување на горивата, најмногу порасна цената на дизелот – Ова се новите цени на горивата во Македонија

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 03.06.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 110,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 99,50 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемува за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 03.06.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 112,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемува за 2,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 03.06.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), изнесува 102,00 ден/лит.

Можеби ќе ве интересира...

Заев на ТВ 21: Парламентарното мнозинство ќе расте, избори не и требаат на нашата земја

В+

Проф. д-р Грозданова во Лекарска комора: Комбинирање на вакцините против Ковид-19 дава поширок имунолошки одговор

В+

Расте бројот на новозаразени и починати: 399 нови случаи, 17 лица починале од коронавирус

В+

Спречен обид за криумчарење мигранти, приведени две лица од Велес

В+

Почина Наим Мемети, поранешен амбасадор во Данска – имаше само 44 години

Vesti +

Нови 17 починати од ковид, троцифрен број на заразени

В+