Вакцината „Модерна“ генерирала повеќе од двојна количина на антитела во однос на вакцината „Фајзер“, се наведува во истражувањето кое ги споредувало имунолошките одговори предизвикани по две дози од вакцината против коронавирусот.

Студијата е една од првите кои ги споредила бројот на антителата кои ги произведуваат вакцините кои се сметаат за едни од клучните компоненти на имунолошки одговори.

Да ве потсетиме, и двете вакцини биле над 90 отсто ефектни во завршните клинички испитувања.

Истражувањето испитувало количина на антитела против т.н. спајк протеини на коронавирусот кај околу 1600 работници во голем белгиски болнички состав чии примероци од крвта биле анализирани 6 до 10 седмици по вакцинирањето.

Лицата кои биле анализирани не биле заразени со коронавирусот пред да ги примат вакцините. Количината на антитела по примање на двете дози на вакцината „Модерна“ во просек биле 2881 единици по милиметар, во споредба со 1108 единици по милилитар меѓу оние кои биле вакцинирани со двете дози на вакцината „Фајзер“.

Резултатите од истражувањето биле објавени во понеделникот во списанието „Journal of the American Medical Association“, а истите сугерираат дека разликите можат да се објаснат со големата количина на активна состојка во вакцината „Модерна“ – 100 микрограми спроти 30 микрограми кај вакцината „Фајзер“.

Истражувачите изјавиле дека е прерано да се заклучи дека разликата во антителата е медицински важна.

„Би повикал на внимание при носењето заклучоци поради тоа што Модерна во просек покажа повеќе антитела и дека нејзината ефикасност побавно се намалува“, изјавил Дејвид Бенкесер, биостатистичар од Универзитетот Емори.

„Таков заклучок бара низа претпоставки кои сè уште не се оценети“.