По најавата на рускиот претседател Владимир Путин дека ги подигнал силите за одвраќање на високо ниво на подготвеност, се зголеми загриженоста за нуклеарниот напад.

Американските новинари во понеделникот го прашаа претседателот Џо Бајден дали Американците треба да се плашат од нуклеарна војна.

„Не“, кратко одговори тој.

Соединетите Држави во понеделникот соопштија дека не гледаат никакви „конкретни“ потези на руските нуклеарни сили и потврдија дека „креативниот“ отпор на Украинците продолжува да го „забавува“ напредувањето на руските сили кон Киев.