Авион на All Nippon Airways се врати на аеродромот на поаѓање откако беше пријавена пукнатина во прозорецот на пилотската кабина за време на летот, која се појави во најоддалечениот од четирите слоја на прозорци кои ја опкружуваат пилотската кабина.

Боингот 737 полетал од градот Сапоро во Хокаидо и бил на пат кон Тојама, на главниот јапонски остров Хоншу, но поради инцидентот се вратил во Сапоро.

Пукнатината била забележана додека авионот бил над Хакодате и не влијаел на контролата на летот или на притисокот во кабината, изјави портпаролот на најголемата јапонска авиокомпанија.

Авионот безбедно слета на аеродромот Сапоро и никој од патниците или членовите на екипажот не е повреден.

Експертот за воздухопловство Џон Стрикленд рече дека не е познато што предизвикало пукање на стаклото, но истакна дека тоа понекогаш се случува.

– Можеби нешто удрило во прозорецот, на пример птица или голем град, тоа не е нешто што никогаш не се случува – рече тој.

Ова е втор инцидент со Боинг 737 во изминатите две недели, но ова не беше еден од авионите 737 MAX 9 на Боинг, туку претходна верзија која „во никој случај не беше стара“, рече Стрикланд.

Сите Боинг 737-9 се приземјени од страна на американската Федерална авијација, откако експлозија во авион на Алјаска ерлајнс предизвика пад на панелот од кабината од новиот авион, оставајќи дупка на страната на трупот.

Тој авион со 177 патници и членови на екипажот морал принудно да слета во американската сојузна држава Орегон.

Во петокот агенцијата го продолжи приземјувањето на Боингот 737 МАКС 9 на неопределено време за понатамошни безбедносни проверки и најави дека ќе го заостри надзорот над компанијата.

Беше објавено дека 171 Боинг 737 МАКС морал да остане приземјен.