Утре ќе се задржи стабилно и претежно тивко време со ниска облачност и магла по котлините. Во петок ќе биде променливо облачно со умерен, долж Повардарието засилен северен ветер.

Попладне, во текот на ноќта и во сабота претпладне ќе има повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини повремен снег.

Дневната температура ќе опадне за неколку степени.