Тестирани се вкупно 3.065 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 48,6% во однос на минатата недела (n=2.063).

Регистрирани сe 203 нови позитивни случаи од 25 градови во државата, за 14,7% помалку во однос на минатата недела (n=238). Процентот на позитивност се движи од 3,1% до 9,4%, просечно 6,5%.

Во текот на последната недела (09-15.01.2023), пријавени се 2 починати лица од Скопје (и двата случаи по 87 г.) со коморбидитети и починати во болнички услови.