Македонскиот државјанин Д.Л. (21), кој вечерва во 19 часот и 40 минути беше ранет во грбот на аголот од улиците Цара Николаја Втори и Максим Горки, најверојатно е случајна жртва на пукање.

Во престрелката најпрвин во натколеницата е ранет А.П.(26), а со два куршуми Д.Л.. Истрагата треба да утврди дали македонскиот државјанин е случајно ранет.

Ранетиот Д.Л., бил донесен од негов пријател на влез во соседната улица Новопазарска. Таму го сокрил и повикал полиција и брза помош. Тој со ранетиот другар се движел од Његошева кон улицата Максима Горки, кога пред позната обложувалница дошло до пукање.

Брзата помош и полицијата набрзо пристигнале, а кога ранетиот македонски државјанин бил внесен во автомобилот, на грбот биле видливи две крвави рани од куршуми.

Повредениот А.П е од криминално потекло, а во досието има дури 12 кривични пријави за дрога, оружје и разбојништво. За него е распишана потерница за издржување затворска казна.

Се трага по напаѓачот. Има околу 20-21 година, висок 170 сантиметри и носи сив дуксер и фармерки. По пукањето побегнал кон Чубурски парк.

Двајцата ранети млади момчиња се пренесени во болница и според првичните информации нивните животи не се во животна опасност.