Утрово нешто пред 8 часот било пријавено дека во Охридското Езеро на градскиот кеј било забележано тело, објави Centar.mk.

Според неофицијални информации на Centar.mk се работи за 67 годишен маж од Охрид.

Службите го извадиле телото, по што полицијата изврши увид.

Повеќе детали за причините за трагедијата се очекуваат наскоро.