Еден од најдобрите фудбалери во историјата, Кристијано Роналдо соопшти вечерва дека неговата вереничка Георгина Родригез изгуби едно од бебињата.

Роналдо на Инстаграм објави дека починало едно од близнаците, а англиските медиуми ги откриваат деталите.

Британски „Сан“ пишува дека синчето починало откако Георгина се породила, а до тој момент никој не се сомневал дека може да се случи проблем.

Кристијано и Георгина на крајот на октомври објавија дека чекаат близнаци, момче и девојче.

Девојчето ќе биде петто дете, а едно веќе има од љубовната врска со Георгина.