Новата 45-метарска повеќенаменска противпожарна беше користена синоќа при гасењето на пожарот во ресторанот „Рагуза“ на кровот на катната гаража „26 Јули“. Со тоа се покажа дека инвестициите и модернизацијата на противпожарните бригади даваат резултати и се чекор напред кон зголемување на безбедноста на граѓаните.

Пожарот кој избувна синоќа на кровот на катната гаража во ресторанот за свадби „Рагуза“ беше прзо изгасен, при што се избегна поголема штета и зафатување на долните делови од катната гаража.

„Употребата на специјалната противпожарната скала беше клучна за брзо локализирање и ефикасно гаснење на пожарот на висока локација, а со тоа е спречено и негово проширување низ долните катови од катната гаража и предизвикување огромна материјална штета“ информираше Петре Шилегов, градоначалникот на Скопје.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ прво ја критикуваше набавката на овие проотивпожарни згради, а денес и дрско лажат дека тие ги немало и не се користат. Со, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски истовремено критикуваат модернизација на противпожарните бригади, обвинуваат за неинвестирање во нив, а потоа и лажат дека модерната опрема не се користи за гасење на пожарите, потенцувајќи ги граѓаните и надевајќи се на ситни политички поени.