Еден од најблиските соработници на Владимир Путин тврди дека Русија може да ги уништи сите земји од НАТО за половина час.

-Во нуклеарна војна, земјите на НАТО ќе бидат уништени од нас за половина час. Но не смееме да го дозволиме тоа, бидејќи последиците од размената на нуклеарни напади ќе влијаат на состојбата на нашата Земја. Затоа, ќе мораме да го победиме овој економски и воено помоќен непријател со конвенционални вооружени средства – рече Дмитриј Рогозин, шеф на вселенската агенција Роскосмос.

Неговите изјави дојдоа во време кога на последната генерална проба за парадата на Денот на победата во Москва беше видено нуклеарното оружје како се движи низ Црвениот плоштад.