Соопштение за јавност – реакција на изнесени ставови на Христијан Мицкоски:

Христијан Мицкоски денеска требаше да им се извини за лагите што ги пласираше за верски празници, дека до крајот на јануари ќе соберел 61 пратеник за да се распушти Собранието.

Јануари помина, а од силните најави на Мицкоски нема ништо.

И не е првпат тој да ги лаже граѓаните и сопственото членство, и пред една година тој велеше дека има ново парламентарно мнозинство и тогаш владиното, актуелното мнозинство се зголеми.

од денот на конституирање на актуелниот пратенички состав Мицкоски зборува те за ново мнозинство, те за распуштање на Собранието.

Од тогаш, поминаа скоро три години, а сите негови најави пропаднаа сите негови лаги доживеаја дебакл, но тоа не го спречува и натаму да најавува нови мнозинства и предвремени избори.

Тоа го прави Мицкоски единствениот естраден политичар кој пласира едни исти лаги постојано, политичар без став, политичар маргинализиран во демократските процеси, заедно со Левица и Апасиев, чиј заложник е.