Утре во понеделник, Регулаторната комисија за енергетика ќе оддржи состанок на кој ќе ги утврди новите цени на горивата во Македонија.

Според последните промени малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 67, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 е 69 денари за литар. ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се продава за 59,5, додека Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 59 денари за литар.

Одлуката ќе биде соопштена утре напладне.