Вечерва се очекува да биде соопштена нова цена на малопродажните цени на горивата во Македонија.

Засега е непознато дали ќе има поскапување или поевтинување.

Цената на нафтата на светските берзи од утрово нагло расте. Вредноста на барелот на лондонскиот пазар утринава скокна на 118 долари, додека на американскиот пазар е 114 долари за барел. Тоа е раст од околу 10 проценти во однос на вчерашниот ден.

Во моментов горивата се точат по следните цени: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 79,00 (денари/литар), Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 81,00 (денари/литар), Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 77,00 (денари/литар), Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 73,50 (денари/литар), Мазут М-1 НС 52,354 (денари/килограм)