Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која
се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,50% во однос на
одлуката од 20.2.2023 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка
бележат намалување во просек: кај бензините за 2,292%, кај дизелот за 3,501%, кај екстра лесното масло за
3,673%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната
пресметка е повисок за 0,428%.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,060 ден/кг и сега ќе изнесува 41,202 ден/кг.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.

Од 25.2.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 82,00 (денари/литар); Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 84,50 (денари/литар); Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 77,00 (денари/литар)