Во вторник, наместо утре поради празникот, Регулаторната Комисија за Енергетика, стандардно, како и секоја седмицс ќе ги утврдува новите цени на горивата.

Цените на нафтата на светските берзи се речиси идентични и без големи промени изминативе денови, па така барел од типот брент се продава за 93-94 долари, што може да укаже дека нема да има големи промени во цените.

Во моментов малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, изнесува 89,00 денари/литар, на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, изнесува 91,50 денари/литар, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 103,00 денари/литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 98,50 денари/литар.

Сепак новите цени на горивата ќе бидат познати утре напладне.