Утре напладне Регулаторната комисија за енергетика на редовна седница ќе ги утврди новите цени на горивата кои ќе важат од утревечер на полноќ.

Според моменталните цени на светските берзи барел нафта од типот брент чини 111,5 долари, а доларот постојано јакне во однос на другите валути.

Цените на нафтените деривати треба да бидат познати утре напладне.

Моментално горивата се точат по следните цени: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 90,50 (денари/литар), Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 92,50 (денари/литар), Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 87,00 (денари/литар)