Нафтата и натаму паѓа на светските берзи.

Типот Брент по кој Македонија ги конфигурира цените на горивата во Македонија падна на 109,2 долари, што е за 6-7 долари помалку од вчера.

Нафтата WTI Crude пак се продава по цена од 105,8 долари по барел.

Со оглед дека цената на нафтата овие два дена паѓа и доколку овој тренд продолжи, од следните денови јасно е дека ќе има значително намалување на цената на горивата и во Македонија