Републичкиот сеизмолошки завод на Србија рано утрово регистрираше земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала на Косово и Метохија.

Како што се наведува, земјотресот е регистриран утрово околу 4.08 часот во околината на Штимље.

Тоа беше втор земјотрес во истиот регион за помалку од еден час, бидејќи утринава околу 3.20 часот е регистриран земјотрес во истиот регион, со јачина од 2,1 степени според Рихтеровата скала.

Исто така, во истото подрачје во неделата околу 18 часот и 58 минути е регистриран уште еден земјотрес, кој исто така бил со јачина од 2,6 степени според Рихтеровата скала, се наведува на веб-страницата на Сеизмолошкиот завод на Србија.

За потсетување, во неделата наутро беше регистриран земјотрес во околината на Крушевац, кој беше со јачина од 2,9 степени според Рихтеровата скала.