Романија денеска во 15 часот беше погодена од силен земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала.

Според ЕМСЦ, епицентарот бил на 14 километри североисточно од Тисманау во Романија.

Земјотресот бил на длабочина од 15 километри.

Сè уште нема официјални податоци за жртви или последици.

Граѓаните од ова подрачје известуваат дека земјата се тресела над две минути и дека ги вознемирил силен земјотрес, а земјотресот бил почувствуван и во Србија.