Нов пожар утринава избувнал кај поранешната фабрика „Треска“.

Гореше друг дел од магацините во кругот на „Треска“. Истиот избувнал рано утринава.

Интервенирале пожарникарите со две возила. Ситуацијата сега е под контрола, но во следните денови ќе има дежурен тим кој ќе го надгледува местото, за да се спречи нов пожар, информираат надлежните служби.