Утре и задутре ќе има зголемена облачност, а на места ќе има појава на краткотраен дожд. Температурата во овие два дена ќе се намали за неколку степени. Во Скопското подрачје не се очекуваат врнежи. Во петок и за време на викендот ќе преовладува стабилно и потопло време.

Прогноза за 09.09.2021
Минимална температура: 7°C до 16°C
Максимална температура: 19°C до 26°C
Променливо облачно, со појава на локален дожд претежно во крајните западни и крајните источни делови. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. УВ=5

Прогноза за 10.09.2021
Минимална температура: 7°C до 15°C
Максимална температура: 22°C до 30°C
Умерено облачно. Во планинските подрачја ќе има услови за краткотраен дожд. Попладне ќе дува слаб до умерен претежно од северозападен правец. УВ=6

Прогноза за 11.09.2021
Минимална температура: 6°C до 15°C
Максимална температура: 24°C до 32°C
Умерено облачно. На југоистокот ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. УВ=6