Компанијата Астра Зенека објави дека нејзината терапија со антитела ги исполни очекувањата на нивната нова студија во борбата против коронавирусот.

Британската компанија понуди замена за вакцините против коронавирус за лица со ослабен имунитет со нов метод.

Новиот метод вклучува комбинација од два вида антитела, формирајќи т.н. коктел што, според нивната најнова студија, го зајакнува веќе ослабениот имунолошки систем на луѓето.

Замената за вакцини првенствено беше развиена од Медицинскиот центар на Универзитетот Вандербилт, каде што нејзиниот успех се рефлектира во фактот дека ризикот од развивање на симптоматскиот ковид -19 е намален за дури 77 проценти.

Примената на т.н. коктели е се уште во фаза на тестирање, со цел да се добијат сигурни резултати за примена кај пациенти.