Македонија дефинитивно се наоѓа во екот на новиот бран на корона вирусот. Во текот на минатите денови имавме високи бројки на заразени.

Во одредени денови бројот на заразени од вкупно направени тестови, достигна 23%.

Министерот Филипче веќе најави дека ако не се почитуваат овие мерки дека веројатно ќе се оди на воведување на порестриктивни мерки а меѓу нив не се исклучува и карантинот, што значи дека доколку продолжи ваквиот тренд на ширење на вирусот, веројатно повторно ќе бидеме затворени во домовите.

Надлежните не ја исклучија можноста да се оди и на парцијано затворање на одредени општини каде што вирусот се има најмногу проширено.