Реализацијата на изградбата на булеварот Љубљанска започнува денес. Согласно проектот се работи за ново булеварско решение на улица Љубљанска, со поврзување на нов мост на реката Вардар од таканаречен тип “extradosed bridge”.

Ова сообраќајно решение ќе го олесни движењето на граѓаните на Општина Карпош директно поврзувајќи ја населбата Карпош со улицата Скупи. Ваквото решение не само што ќе го скрати времето на патување туку и значително ќе го намали сообраќајниот метеж во овој дел од градот.

На овој потег истовремено покрај булеварското решение се гради и нова велосипедска и пешачка патека со соодветно партерно уредување, со што во континуитет ги реализираме проектите од програмата која ја доби поддршката на мнозинството на скопјани.