Норвешкиот министер за одбрана Одд Роџер Еноксен им порача на граѓаните дека во случај на нуклеарна катастрофа во Украина, радиоактивни материјали може да прелетаат над Норвешка поради ветерот, пишува „Тајмс“.

Извори блиски до државната одбрана велат дека министерот им рекол на граѓаните дека ќе добие предупредување 72 часа однапред за да го подготви прифатилиштето.

„ Граѓаните ќе бидат предупредени 72 часа однапред да ги направат бункерите подготвени за употреба. Доколку сега ги користат за складирање, мора што поскоро да направат план за да ги извадат сите непотребни работи од нив“, вели извор близок до министерот.

Тој, исто така, им рекол да подготват залихи со лекови за зрачење за деца и им го препорачал Jodix, лек за блокирање на тироидната жлезда што се користи во случај на нуклеарно зрачење. Тој ги советува граѓаните и за снабдување со храна најмалку три дена за да бидат донекаде безбедни.

Предупредувањата не се поврзани со стравот од нуклеарна војна, туку се издаваат поради внимателноста околу нуклеарните централи во Украина и можни несреќи.