Ноќва почнува летното сметање на времето. Стрелките на часовникот ќе се поместат за еден час напред, што значи дека наместо два ќе биде три часот по полноќ.

Часовниците се поместуваат двапати годишно, на последниот викенд од март и октомври.

Во март стрелките се движат еден час напред, а во октомври се враќа часовникот еден час наназад.

Поместувањето кон летното, односно зимското сметање на времето е со цел да се заштеди енергија.

Идејата за пресметка на зимско и летно сметање на времето се заснова на астрономската околност дека во јануари сонцето изгрева само околу 8 часот, а заоѓа во 16 часот. Во јули, кога денот е подолг, сонцето изгрева пред 5 часот наутро и заоѓа по 21 часот.