„Сите треба да сфатат дека главниот виновник за малите пензии е кој колку уплаќал во пензискиот фонд. Државата презема мерки преку таканаречени социјални пакети и ги помагаат тие со малите пензии. Оваа влада имаше такви девет пакети и е единствена во регионот којашто дала толку социјални пакети. Тие до 19.000 денари пензии кои имаа, добиваа од 2.000 до 3.000 денари, шест месеци. Треба да го разликуваме социјалниот и економскиот карактеер на пензиите. Пензијата е стекната економска категорија и никој нема право да задира во тоа стекнато право. Државата е таа која треба да гарантира за стекнатото право“, рече Илија Николовски, претседател на Партијата на пензионери во интервју за Слободен печат.

Тој додаде дека пензиите не смејат да ја изгубат својата вредност и дека на пензионерите треба да им се овозможи достоен живот и достојна старост.

„Во Македонија, просечен животен век е 70-73, тоа значи дека некој кога ќе замине во пензија на 65, уште неколку години прима пензија. Кога некој ќе каже јас имам пензија, ќе го прашам колку години ја примаш, вика од 90та, викам одлично, важно е колку ја користиш.“, заклучи Николовски.