Николовски, Спасовски и Маричиќ: Со усвојувањето на „Регионалниот Патоказ за борба против корупцијата и нелегални финансии“ одиме чекор напред во борбата против корупцијата, со силна поддршка, вклученост и максимална регионална соработка
Vestiplus.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Николовски, Спасовски и Маричиќ: Со усвојувањето на „Регионалниот Патоказ за борба против корупцијата и нелегални финансии“ одиме чекор напред во борбата против корупцијата, со силна поддршка, вклученост и максимална регионална соработка

Денеска во Охрид, заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерот за правда Бојан Маричиќ, заедно со делегациите на антикорупциски органи од регионот, го усвоија Регионалниот патоказ за борба против корупција и нелегални финансиски текови за Западен Балкан којшто беше одобрен на техничко ниво од експертите на 23 јуни годинава.

Овој Патоказ ќе се фокусира на неколку клучни области како што се јавните набавки, системите за обелоденување на имот, приходи и камати и создавањето на специјализирана оперативна мрежа на обвинители за корупција и економски криминал, агенциите за спроведување на законот и единиците за финансиско разузнавање во регионот. Оваа мрежа ќе се фокусира на проактивно таргетирање на типологиите на криминал како што се кривичните дела за корупција, криумчарење пари, перење пари преку секторот за недвижнини, корупција во спорт.

Вицепремиерот Николовски во своето обраќање посочи дека усвојувањето на овој Патоказ е важно за ефикасно и практично спроведување на постојните препораки и приоритети за борба против корупцијата и нелегалните финансии во Западен Балкан.

„Ова е значаен чекор напред во борбата против корупцијата, којашто бара силна поддршка, вклученост и максимална регионална соработка. Патоказот ги вклучува и разработува препораките содржани во извештаите на Европската комисија и ЕУ Директивите, со посебен акцент на перењето пари, поврат/конфискација  на имот и борбата против корупцијата и организираниот криминал. Токму борбата против корупцијата е еден од клучните приоритети и во владината рамка „Акција 21 – Европски стандарди дома“, што е резултат на нашата силна определба и решителност за систем кој генерира и испорачува правда, правна држава, ред и поредок“, изјави вицепремиерот Николовски.

Министерот за внатрешни работи, Спасовски посочи дека седум години по Берлинскиот процес како платформа за соработка, Западен Балкан е на чекор поблиску до европската интеграција, остварувајќи реален прогрес во реформскиот процес, решавајќи дури и некои долгогодишни билатерали отворени прашања, каков што е случајот на Република Северна Македонија.

„Борбата против корупцијата и нелегалното финансирање опфаќа широк спектар на области на дејствување и повеќе засегнати страни на национално, регионално и на меѓународно ниво. Координирањето на ангажманот во сите овие области и на сите овие засегнати страни би било обемно и нецелисходно, но еден насочен пристап, со утврдени заеднички приоритети, при што нивната реализација ќе се одвива постепено, е нешто што би било поефективно и реално изводливо. Токму овој пристап и го усвојуваме со документот кој што денеска ќе го одобриме, испорачувајќи Регионален патоказ, кој се фокусира на подобрување на имплементирањето на постојните мерки за борба против корупција и нелегално финансирање“, истакна министерот Спасовски.

Министерот за правда Маричиќ, во своето обраќање потенцираше дека континуирано се работи на меѓуинституционалната соработка, во насока градење на функционален систем за борба против корупција и криминал.

„Континуирано работиме на зајакнување на меѓуинституционалната соработка, преку обезбедување соодветни платформи за размена на податоци, размена на искуства и интензивирање на меѓународната соработка во борбата против корупцијата, преку активно учество во процесите и активностите на меѓународните организации и иницијативи. Градиме функционален систем за борба против корупцијата кој ги опфаќа сите државни институции почнувајќи од Министерството за правда,  Државната комисија за спречување корупција, Министерството за внатрешни работи, Јавното обвинителство, па сѐ до Управата за финансиско разузнавање. Мора да градиме систем во кој ќе има ред и дисциплина, систем во кој институциите се функционални, а службите ефикасни“, изјави министерот Маричиќ.

„Регионалниот патоказ за борба против корупција и нелегални финансии“, е усвоен во рамки на регионалниот форум организиран од Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал (УНОДЦ) во партнерство со Секретаријатот на Регионалната иницијатива за борба против корупција (РАИ) и во соработка со Владата на Република Северна Македонија преку Министерството за внатрешни работи и Кабинетот на заменик-претседателот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, човечки ресурси и одржлив развој.

Повеќе од интернетот…

  • Centar.mk
  • Biznispro.com
  • Zena.mk
ОВА НЕШТО СЕ СЛУЧУВА НА НЕБОТО ДЕНЕС: Подгответе се за тотален ролер костер, ДРАСТИЧНИ ПРОМЕНИ кои следат

Денеска е посебен ден во 2023 година, бидејќи астролошки имаме полна месечина во знакот на Стрелец. Таканаречената образ месечина носи големи промени и многу можности да промениме сè во животот што не ни се допаѓа. Се разбира, промената мора да дојде од нас самите, а ѕвездите се тука за да... Прочитај повеќе...

Спасовски: Управувањето со миграциите не значи управување со бројки, туку работа со луѓе

Обраќање на Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи: Во континуитет сме посветени и сериозно го сфаќаме прашањето на управување со миграците во нашата земја, поради неколку клучни причини од големо значење – управување со добросостојбата и безбедноста на нашите граѓани и националната инфраструктура. Исто така, обезбедување валидност на нашите договори... Прочитај повеќе...

Спасовски заедно со граѓаните во храмот Света Троица во село Петралица, Крива Паланка, а по повод празникот Педесетница или во народот познат како Духовден, 50 дена од Неговото Воскреснување

Денеска сум заедно со граѓаните во храмот Света Троица во село Петралица, Крива Паланка, а по повод празникот Педесетница или во народот познат како Духовден, 50 дена од Неговото Воскреснување. Духовден го означува спознавањето на човекот со третото лице на Света Троица – Светиот Дух, а со тоа завршува и... Прочитај повеќе...

Проверете дали ве има: УЈП ја објави најновата листа на должници со имиња на фирми и луѓе

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.05/2023 за долгови доспеани до 31.01.2023 и неплатени до 30.04.2023 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е: повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители […] The post Проверете дали ве има: УЈП ја објави најновата листа на должници со имиња на фирми и луѓе appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Внимавајте: Зa една година измамени 43 граѓани со брзи кредити

Десетици измамени граѓани се соочиле да плаќаат рати од туѓи подигнати брзи кредити. Само во 2022 година евидентирани се 43 случаи на измами со брзи кредити, велат од МВР за Centar.mk. За овие случаи до ОЈО поднесени се 16 кривични пријави и 24 писмени известувања, при што во рамките на расветлените случаи пријавени се 24 […] The post Внимавајте: Зa една година измамени 43 граѓани со брзи кредити appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Цените на становите се очекува да одат надолу, забележан е значителен пад на цените на градежните материјали

Ќе одат надолу цените на квадратен метар станбена површина во главниот град и внатрешноста на Македонија велат познавачите. Цените кои беа напумпани на становите во Скопје и внатрешноста се очекува да паднат, пред се поради намалената побарувачка, но и поевтинувањето на градежните материјали. Со најава дека цените на становите во Македонија ќе паднат неодамна излезе […] The post Цените на становите се очекува да одат надолу, забележан е значителен пад на цените на градежните материјали appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената во текот на менструалниот циклус, како физички така и емоционално. Покрај тоа што главните симптоми на менструацијата се болни грчеви во стомакот, најверојатно жената ќе... Прочитај повеќе Чланак Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат

Ако мислите дека физичкиот изглед е главниот фактор за успешно флертување, вие сте осудени на неуспех. Самодовербата и шармот се поважни од физичкиот изглед. Изгледот е, да не се лажеме, важен, но без шарм и уште неколку ситници е недоволен за успешно заведување. Секако, секој има своја тактика за заведување, но постојат одредени испробани трикови... Прочитај повеќе Чланак СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска

Бидете искрени со себе бидејќи од тоа зависи иднината на вашата врска. Откако ќе поминат првичниот занес и огномет од емоции, секоја врска достигнува точка на прекршување. Тогаш е време да се преиспитате себеси и вашите чувства и да одлучите дали врската има иднина или не. Сосема е нормално дека во одредени ситуации нема да... Прочитај повеќе Чланак Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Можеби ќе ве интересира...

Ковачевски: „Бехтел и Енка“ се реномиран конзорциум, за сомнежите ги повикувам да постапат ОЈО и Антикорупциска

Vesti +

„Пелистерка“ доби признание за поддршката на спортот во Македонија

Vesti +

Први јануари е неработен ден

В+

Колку треба да издвоите за летување во Грција: Гиро до 7 евра,а лежалки за 10- детален список на цени

В+

Уште шест скопјани искасани од кучиња скитници

Vesti +

Ковачевски: Северна Македонија ја направивме земја лидер по искористеност на средствата од ИПАРД Програмата, зголемување од 62% на ИПАРД 3

Vesti +