СДСМ инвестира во сегашното и иднината, ги исполнивме стратешките цели и покажавме што е најдоброто за нашата држава, за нашите граѓани, изјави денеска од Кратово генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.

„30 години се зборуваше но СДСМ успеа заедно со граѓаните, ние сме 30-та земја членка на НАТО! 20 години се зборуваше, ама СДСМ успеа и денеска имаме успешно завршен попис. 99 % од нашите граѓани се попишаа. Споредете и направете разлика.Покажавме дека имаме капацитет, дека сме држава. Во една рака го имаме НАТО, во другата Попис“,изјави Николовски.

При тоа, Николовски посочи дека до крајот на оваа година ќе се избере изведувач за првите две фази за изградба на пругата Куманово – Бељаковци, Бељаковци- Крива Паланка. Според проектната документација, следната во текот на март почнува изградбата. Следната година ќе се објави и тендер за избор на изведувач за третата фаза од Крива Паланка-Деве баир.

„Конечно, после речиси 30 години, железничката пруга за поврзување на Северна Македонија и Бугарија станува реалност. Она што со децении беше само празно ветување, оваа Влада го претвори во конкретни, реални и најважно од сѐ – остварливи цели. 30 години се зборуваше ама ние, од СДСМ успеавме да го придвижиме и процесот за изградба на источниот дел на пругата на Коридорот 8, којшто е од стратешко значење на нашата дражава. Овој регион, североисточниот е вратата кон Европа“, рече Николовски, додавајќи дека се обезбедени 165 милиони евра, готов проект и тендерската постапка за избор на изведувач е во самата завршница. Со децении она за што се зборува, СДСМ за 4 години го реализира,споредете, направете разлика и одлучете,одберете го НАЈДОБРОТО, порача Николовски.