СДСМ и сите прогресивни сили се фокусирани на примарната цел демократски во моментов да се обедени и окрупни мнозинството во македонското Собрание, кои што треба да гарантираат евроатланскиот пат, сигурноста, безбедноста, стабилноста на земјата и напредокот на земјата, рече генералниот секретар на СДСМ и вицепремиер за борба против корупција, Љупчо Николовски во “21 анализа” на тв 21.

-Централниот одбор го овласти претседателот Зоран  Заев во тој поглед да ја повлече времено оставката и неговите чекори, а после тоа секако дека ќе  дискутира централниот изборен штаб за сите анализи, сите заклучоци, сите слабости, сите проблеми по локалните избори, но и сите препораки, појасни тој.