Николовски од кумановско: Државните органи се во полна подготвеност, да се справиме со ова успешно и ефикасно
Vestiplus.mk
+Во тренд...МАКЕДОНИЈА

Николовски од кумановско: Државните органи се во полна подготвеност, да се справиме со ова успешно и ефикасно

Поради сериозноста на ситуацијата со пожарите, веднаш по заминувањето од Крушево, заедно со министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, се упативме на локациите во Ранковце, каде што има активни пожари, соопшти вицепремиерот Љупчо Николовски.

Службите се на терен, сите надлежни институции се активирани, со цел да се стави под контрола оваа состојба.

Состојбата ја следиме будно, координирано работиме со сите надлежни институции, со цел најитно спречување на поголеми штети. Од Ранковце, продолжуваме во регионот на Старо Нагоричане каде што исто така има активни пожари.

Државните органи се во полна подготвеност, да се справиме со ова успешно и ефикасно.

Вечерва остануваме на терен, заедно со граѓаните, со сите екипи, затоа што безбедноста, заштитата на населението и материјалните добра е наш врвен приоритет, рече Николовски.

Можеби ќе ве интересира...

Ковачевски: Владата има зголемена поддршка во Собранието, опозицијата никогаш немаше 61 пратеник

Vesti +

Извештај за состојбите и условите во казнено – поправните установи и воспитната установа 2022 година

Vesti +

Пукање во Арачиново – МВР со детали

В+

Ново апсење, полицијата му влезе дома: Претрес во липковско, пронајдена дрога, приведено лице од Лојане

Vesti +

Приведено едно лице, расчистено кривично дело „тешка кражба на дрзок начин”

Vesti +

Земјотрес ја стресе Македонија

Vesti +