На пет дена пред денот на изборите Крива Паланка громогласно го најавува она што целиот овој крај го знае, а тоа е големата победа уште во првиот круг со над три илјади гласа разлика, истакна генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски на партиската трибина во градот. Тој кажа дека во оваа општина победата ќе биде историска, затоа што е резултат на труд и работа и затоа СДСМ ја има целосно заслужено.

-Направивме многу за Крива Паланка и затоа сум горд, имаме изградено регионални и државни патишта кои се градеа после 50 години. Крива Паланка расте, се развива и веќе нема запирање. Ветеното го исполнивме, кажа Николовски.

Тој додаде дека од причина што делата зборуваат, на трибината се присутни граѓани кои не се само симпатизери на СДСМ.

-Капиталните инвестиции и проектите се делата на локалната ссамоуправа на Крива Паланка. Ние како социјалдемократи обединуваме, нема поделба на партии, разлики и делби. Тоа тука го покажавме затоа што се грижиме за секој граѓанин на Крива Паланка, рече Николовски.

Генералниот секретар на партијата нагласи дека сто милиони евра биле издвоени за клучни патишта на Коридорот 8, а реализирани биле над 7 илјади проекти во општините ширум земјата.