„Од кога е СДСМ на Власт субвенциите од шест и 12 илјади денари по хектар се зголемија на 18 и 20 илјади денари по хектар и 30 илјади денари за новата мерка за развојна категорија. Значи за 300 отсто сме ги зголемиле субвенциите за овој период“ кажа министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски за ТВ Стар.

Тој додаде дека исто така Владата ја воведе и мерката ветена во 2016 година за зелена нафта за земјоделците со што повеќе пари одат во овој сектор.

„Време е како генерација да покажеме поинаков пристап и сите заедно да работиме. Доста е со поделби на земјоделците. Не треба да не интересира партија и политика, туку грижа за вистинските земјоделци“ кажа Николовски.

Тој додаде дека Владата секогаш ќе биде тука за помош на земјоделците со нови мерки и политики.